Поранешниот германски канцелар Шредер е во Москва, Кремљ не исклучува средба со него

Кремљ денес објави дека верува дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер се наоѓа во Москва при што не е исклучена можноста за контакт со политичарот кој од почетокот на руската интервенција во Украина е критикуван поради своите врски со руските енергетски гиганти и претседателот Владимир Путин.

EPA-EFE

„Колку што знаеме, тој е во Москва“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одговарајќи на новинарското прашање дали Кремљ знае дека Шредер допатувал во руската престолнина. „Нема закажано средба, но не ја исклучуваме таа можност“, кажа Песков.

Германски РТЛ доцна синоќа објави дека Шредер е во Москва, а на прашањето дали ќе се сретне со рускиот претседател Путин тој кажал: „Тука сум неколку дена на одмор. Москва е убав град“. Кабинетот на Шредер во Германија не одговорил на прашањето зошто тој допатувал во Москва.

Шредер долги години беше клучната личност во енергетските врски на Германија и Русија, служејќи како канцелар од 1988 до 2005 година, за потоа да стане член на надзорниот одбор на Росњефт, нафтената компанија под контрола на државата.

И понатаму ја врши должноста претседател на одборот на акционери на Северен тек АГ, операторот на гасоводот во мнозинска сопственост на Газпром.

На позицијата во управата на Газпром беше номиниран три недели пред рускиот напад на Украина на 24 февруари. Поради одбивањето да се огради од Путин, со кого се сретна во март, главните германски политички партии му го одземаа правото на кабинетот финансиран од народни пари.

Шредер во март ја одби понудата на Газпром да биде член на управата и се повлече од надзорниот одбор на Росњефт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе