Поранешни лидери, нобеловци го повикаа Бајден да поддржи укинување на правата на интелектуална сопственост за вакцините

Повеќе од 60 поранешни лидери на држави и влади, меѓу кои и поранешни лидери на Велика Британија, Франција и повеќе од 100 добитници на Нобелова награда, го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да поддржи привремено укинување на правата на интелектуална сопственост во производството на вакцини против ковид-19, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Укинувањето на правата на интелектуална сопственост би го забрзало производството и одговорот на пандемијата на коронавирусот во посиромашните земји кои инаку можеби ќе треба да чекаат со години за вакцинирање на целото население, се вели во отвореното писмо испратено до Бајден во средата.

„Претседателот Бајден рече дека никој не е безбеден се додека сите не се безбедни, а сега состанокот на Г7 е одлична можност да се покаже глобално лидерство што само САД можат да го обезбедат“, рече поранешниот британски премиер Гордон Браун, алудирајќи на претстојниот состанок на групата на најбогатите земји во светот.

Во писмото се повикува Бајден да го поддржи предлогот на Јужна Африка и Индија за привремено суспендирање на правата на интелектуална сопственост поврзани со вакцинацијата и лекувањето од ковид-19 во Светската трговска организација (СТО).

Се додава дека, со оглед на сегашната стапка на производство на вакцини, повеќето сиромашни земји ќе мораат да чекаат барем до 2024 година за да постигнат масовна имунизација против ковид-19.

„Новите мутации на вирусот ќе продолжат да одземаат животи и да ја загрозуваат нашата поврзана глобална економија сè додека сите, насекаде, немаат пристап до безбедна и ефикасна вакцина“, рече добитникот на Нобеловата награда за економија Џозеф Стиглиц.

Меѓу потписниците се Франсоа Оланд, Мери Робинсон, Фернандо Хенрик Кардосо, Хуан Мануел Сантос и Елен Џонсон Сирлиф - поранешни претседатели на Франција, Ирска, Бразил, Колумбија и Либерија - потоа поранешните италијански премиери Марио Монти и Романо Проди и поранешната премиерка на Нов Зеланд Хелен Кларк.

Писмото е потпишано и од Лех Валенса и Михаил Горбачов и тоа како поранешни претседатели на Полска односно Советскиот сојуз, соодветно, и како добитници на Нобеловата награда за мир.

Меѓу нобеловците се имињата на Шелдон Глашоу, Герардус Хуфт, Елфриде Јелинек, Денис Муквеге, Херта Мулер, Орхан Памук, Малала Јусафзаи и Мухамед Јунус.

Писмото е координирано од Алијансата за вакцини на народот, коалиција во која се собрани околу 50 хуманитарни и развојни организации.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе