Јапонија

Поранешни директори ослободени од вина за катастрофата во нуклеарната централа Фукушима

Јапонскиот суд денес ги ослободи тројцата поранешни директори на компанијата ТЕПКО во единственото кривично судење произлезено од нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Поранешниот извршен директор на Цунехиса Катсумата и поранешните потпретседатели Ичиро Такекуро и Сака Муто се ослободени од обвиненијата дека не преземале мерки против цунамито кое доведе до катастрофата во нуклеарната централа Фукушима Даичи.

Тимот за одбрана тврди дека било невозможно да се предвидат масовните поплави кои ги уништија објектите, додека обвинителите барале пет години затвор за тројцата управители, тврдејќи дека можеле да ја спречат катастрофата со преземање мерки против цунами.

Три од шест реактори биле уништени, а радиоактивните честички се распрснале во воздухот откако електраната на 11 март 2011 година ја погоди земјотрес од девет степени и цунами.

Во двете катастрофи, загинаа 18.400 луѓе во северо-источна Јапонија.

Стотици илјади жители морале да ги напуштат своите домови, десетици илјади сè уште не можат да се вратат во своите домови поради зрачењето.

„Не можеме ова да го разбереме. Лишени сме од нашите домови и нашиот роден крај“, рече еден граѓанин на Фукушима пред судот откако беше објавена пресудата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе