Бура на Твитер

Твитот на поранешната политичарка Пешиќ протолкуван како повик за убиство на Вучиќ

Весна Пешиќ, социолог и поранешна политичарка, на својот профил на Твитер сподели неумесна порака, во која, меѓу другото, има и закана за убиство на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пешиќ напиша дека тој се „подготвува да биде доживотен претседател“, а потоа наведе и загрижувачки коментар: „тука нема бојкот, само цевка во глава“.

„Ајде да ве видам што ќе направите кога ќе се прогласи за доживотен претседател. Додека твитерашите безгрижно твитуваат. За тоа не размислувате. Ене го Путин баш тоа го прави. Ако Брнабиќ даде оставка да знаете - се подготвува доживотен Вучиќ. Тука нема бојкот, само цевка во глава“, стоеше во твитот на Пешиќ, кој таа го избриша.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ истакна дека скандалозните и срамни повици за убиство на претседателот не се новина, и ги повика надлежните обвинителства да реагираат.

Заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ исто така го осуди нападот врз српскиот претседател.

„Весна Пешиќ веројатно мисли дека од одговорноста за повик за убиство на претседателот Вучиќ ќе ја заштити фактот дека е жена и дека честопати не одговора за своите постапки“, напиша Весиќ на својот Фејсбук профил.

Претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, ги повика одговорните итно да реагираат во согласност со законот, за да покажат дека повикот за убиство на Александар Вучиќ не треба да се толерира, пренесува Н1.

Гојковиќ ги осуди „застрашувачките закани“ на Весна Пешиќ кон претседателот Александар Вучиќ, велејќи дека „повикувањето на убиство на претседателот на Србија не е само скандалозно и неприфатливо, туку е и кривично дело“.

Пешиќ рече дека го избришала твитот затоа што знаела дека текстот ќе биде преобратен за режимски напади.

„Еве навалија на мене на Пинк дека сакам да го убијам претседателот. А јас сакав да се убијам себеси. Сè ќе претворат во напад, навистина неверојатно. Јас дури го избришав тој твит за да спречам вакви изобличени напади на режимот“, напиша Пешиќ во саботата попладне на Твитер.

Таа додава дека го избришала твитот на опомена дека она што го напишала ќе биде преобратено.

„Луѓето знаат дека го превртуваат текстот за нивните глупави напади. А мене такво нешто не ми падна на памет“, рече Пешиќ.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе