НАТО на Косово нема сила да ѝ се спротивстави на српската војска, но за тоа не станува збор, вели бивш српски министер за одбрана

Поранешниот министер за одбрана на Србија Драган Шутановац порача дека „НАТО на Косово нема сили што можат да ѝ се спротивстават на војската на Србија“, пишува Косово онлајн.

EPA-EFE

„Уште помалку тоа го можат косовските сили, така што не е прашање дали Србија има со што да се спротивстави, туку зошто тоа би го правела“, напиша Шутановац.

Поранешниот српски министер со ова одговори на констатацијата на еден твитерџија, кој напиша дека српската војска нема со што да ги победи НАТО и косовските Албанци.

На тврдењето дека на „НАТО му требаат 15 минути да ги пренасочи своите сили од Јадранот на Косово и дека за половина час може да долета 100 авиони од Авијано, како и дека за ден-два членките на НАТО околу Србија можат да испратат своите трупи“, Шутановац напиша дека тоа не е можно и праша: „Која тоа воена операција се извршува во два дена и од каде 100 авиони во Авијано?“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе