Поранешен советник на Јелцин откри зошто баш Путин бил избран за нов руски лидер

Поранешниот руски претседател Борис Јелцин видел во Владимир Путин човек кој ќе ги продолжи неговите либерални реформи, кажа поранешниот раководител на администрацијата на Кремљ Валентин Јумашев.

„За Јелцин беше важно тоа што е Путин од друга генерација, бидејќи земјата не смееше да им се остави на оние кои управуваа за време на Советскиот Сојуз“, кажа Јумашев на јавно интервју во Јелцин центарот во Екатерининбург.

Валентин Јумашев, инаку оженет за ќерката на Јелцин Татјана, истакна дека на Јелцин му бил важен карактерот на наследникот и дека во Путин видел човек кој е приземјен и кој ќе може да носи правилни одлуки, како и да ги продолжи либералните реформи.

Тој објасни дека Јелцин поднесе оставка половина година пред редовните претседателски избори за „на Путин да му даде фора против Примаков и Лушков, за да има можност со поголема гаранција да победи на изборите“.

Јумашев раскажа и како Борис Јелцин и Владимир Путин го снимале новогодишното обраќање за 2000 година, и тоа на 31 декември.

Според него, Јелцин традиционално го снимал обраќањето до Русите неколку дена пред Нова година, но на крајот на снимањето станал и им кажал на снимателите дека било лошо и дека ќе треба да се повтори на 31 декември.

„Сите дојдоа на 31 декември во седум часот наутро. Во тој момент само четворица знаевме што ќе се случи – Волошин – шефот на претседателската администрација, идниот претседател на државата Путин, Татјана Борисовна, ќерката на јелцин, и јас“, раскажа Јумашев.

Тој додаде дека групата сниматели кои го снимале обраќањето биле заклучени во собата додека шефот на државата не објавил дека поднесува оставка и додека касетата со снимката Јумашев, заедно со Константин Ернст, не ја однел во Останкино.

„Имавме многу жесток тајминг тој ден. Путин го сними обраќањето, ако не се лажам, 14 или 15 часа по својата средба со безбедњаците, а потоа беше објавено“, кажа Јумашев.

Валентин Јумашев раководеше со администрацијата на првиот руски претседател од 11 март 1997 до 7 декември 1998 година.

Јелцин дојде на челото на Русија во 1991 година. Пет години подоцна повторно беше избран за втор мандат, а оставката ја поднесе на 31 декември 1999 година.

Вршител на должноста шеф на државата стана премиерот Владимир Путин, а на 26 март 2000 година Путин победи на претседателските избори во првиот круг, со 52, 94 отсто од гласовите.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе