Поранешен панкер во трка за претседател на САД (ВИДЕО)

Поранешен конгресмен од Тексас демократот Роберт Бето Орурк (46) на Твитер ја објави својата кандидатура за претседателските избори, кои ќе се одржат во САД во 2020 година.

Бето Орурк е од ирско потекло, течно зборува шпански и е поранешен панкер и басист.

„Ова ќе биде позитивна кампања која настојува да го извлече најдоброто од секој од нас“, рече Орурк во видео пост на својот Твитер профил, додавајќи: „Видовме колку силно може да биде тоа во Тексас“.

„Сакам да бидете дел од ова. Сакам ова да биде ваша кампања - кампања на сите нас за сите нас која не одговора на политички комитети, корпорации и посебни интереси, туку на луѓето“, рече Орурк..

Орурк вети дека во следниот период ќе патува во земјата за да ги сослуша гласачите, а потоа ќе се врати во Ел Пасо, на границата со Мексико, каде што на 30 март официјално ќе ја започне кампањата, пренесе АП.

Американските медиуми се заинтересирани за Орурк од средината на минатата година, кога како демократ влезе во трка за сенатор.

Противник му беше републиканецот Тед Круз, кој го порази за два отсто од гласовите.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе