Поранешен командант на НАТО: Ова не е Србија од 1999

Поранешниот главен командант на американските копнени сили во Европа Фредерик Бен Хоџис наведе дека Србија денес не е онаа од 1999 година.

EPA-EFE

Тој истакна дека е важно за Европската Унија, Британија, САД и НАТО да имаат заеднички поглед и пристап во однос на она што се случува на Западниот Балкан.

„Мораме да останеме обединетите и компатибилни, клучот на сето ова е ЕУ. Да бидат сериозни за европските интеграции и да најдат начини да ги поддржат напорите на Србија и на другите земји да се развиваат и модернизираат. Мислам дека САД треба да ја имаат вистинската стратегија за регионот, не само минлива, и би истакнал и дека НАТО мора јасно да повторува дека мисијата на КФОР е тука да остане и да не заминува од Косово. Мислам дека е важно што Унгарија се истакна во своите обврски. За првпат имаме унгарски генерал на челото на КФОР. Унгарија ја гледа важноста на изградбата на безбедноста на Западниот Балкан, Турција има интереси во регионот, и се надевам дека секоја од тие нации размислува прво за иднината на младите луѓе, да им се пружи најдобрата шанса за образование, здравство“, кажа Хоџис за Косово онлајн.

Тој истакна дека е оптимист кога станува збор за дијалогот на Белград и Приштина.

„Јас сум оптимист, ако на лидерите им дадете шанса и простор да можат да преговараат. Тоа е важно и мислам дека САД мора да го продолжат процесот, да работат тесно со ЕУ и другите нации. Британија, нормално, треба да ги поддржи овие напори, бидејќи ова е натпревар и ако Западот тука не е за да се натпреварува, тогаш Кина и Русија ќе го пополнат тој вакум, и тогаш не гледам позитивен исход за младите луѓе во регионот“, кажа поранешниот командант на НАТО.

„Важно е лидерите да се сретнуваат, но мора да бидат заштитени од влијанија, особено од Кремљ но и оние внатрешните кои ги поткопуваат сите напори во преговорите во добра намера. Не треба да се повлекуваат црвени линии, но нам не ни требаат лекции од оние кои немаат интерес Србија и Косово да воспостават нормални односи“, додаде тој.

Истакна дека денешна Србија не е како таа од 1999 година.

„Верувам дека Србија денес не е Србија од 1999. Повеќе се заинтересирани и повеќе се отворени за западните интеграции. Има многумина во српското раководство кои сакаат да продолжат понатаму и да бидат прозападни и модерни, но за жал и премногу такви кои тоа го отежнуваат. Тоа не значи дека нема да ги задржат врските со Русија, која има доста влијание врз Србија. Поентата е Србија како суверена нација да може да има односи со кого сака, мораме да се натпреваруваме како дел од регионалната стратегија во дипломатијата и економијата и вежбите на дефанзивната индустрија“, смета Хоџис.

На прашањето што мисли за безбедносните сили на Косово, тој истакна дека тоа е деликатно прашање за Косово и Србија.

„САД го сметаат Косово за независна држава и Косово би требало да има можност да се брани. Истовремено КФОР останува да помага за да се намалат тензиите меѓу различните етнички групи и мислам дека затоа е важно НАТО, односно КФОР да остане на долг временски период и да не ја намалува својата мисија“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе