Поранешен бугарски министер повика на откажување од купувањето Ф-16

Поранешниот министер за внарешни работи на Бугарија Румен Петков повика на откажување од договорот за купување авиони Ф-16 и тие пари да се вложат во здравството.

Според него, постојат низа мерки со помош на кои е можно брзо да се вратат милијарди левови назад во економијата. Петков е претседател на партијата Алтернатива за бугарски препород.

„На пример, да објавиме дека го раскинуваме договорот за Ф-16. Две и пол милијарди (левови) веднаш ќе се вратат во нашата економија, пред сѐ во здравството. Мораме да се прашаме што ни е нужно: респиратори, тестови, или некои авиони кои ќе дојдат откако ќе помине кризата со коронавирусот“, кажа Петков.

Неговата партија уште во саботата побара да се откаже од реализацијата на договорот. Партијата истакна дека склучениот договор предвидува можност купувачот да има право да ја откаже реализацијата на договорот во целост или да отстрани мерки од клаузулите.

„Народното собрание има право да го раскине договорот, а државата да ги врати платените 2,5 милијарди лева“, соопшти партијата.

Претседателката на опозициската Бугарска социјалистичка партија Корнелија Нинова претходно исто така повика на откажување од проектот на модернизација на војската, конкретно од купувањето нови патролни бродови и оклопни возила, на кои ќе бидат потрошени околу 2,5 милијарди лева.

„Предлагаме овие проекти да се замрзнат, а парите да се насочат на поддршка на луѓето кои имаат кредити и оние кои немаат примања“, кажа Нинова.

Министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов го критикуваше нејзиниот предлог и истакна дека војската има потреба од оружје за да го заштити населението од разни катастрофи.

„Госпоѓо Нинова, вашиот популизам е длабоко разочарување за целата војска на Бугарија. Ве повикувам да бидете свесни како живеат илјадници бугарски војници кои, ризикувајќи ги здравјето и животот, им помагаат на жртвите на природните катастрофи. Знаете ли колку се стари борбените возила кои ги влечат камионите и автомобилите од снежните наноси? Заинтересирајте се, ќе бидете многу изненадени. Овие возила се многу постари од светкавите мерцедеси на милионерите од вашата партија“, кажа Каракачанов.

Бугарија летоска го исплати целиот износ за купување осум авиони Ф-16 – речиси 1,26 милијарди долари. Претседателот Румен Радев го блокираше купувањето оружје, но парламентот со мнозинство го урна неговото вето.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе