МАНЕКЕН ПИС УРИНИРА ВРЗ ТЕРОРИСТИТЕ

Пораки за поддршка на Белгија се шират по социјалните мрежи (ФОТО)

Целиот свет сочувствува со Белгија, по терористичките напади во Брисел, каде што има голем број загинати и повредени.

На социјалните мрежи луѓето почнаа да изразуваат сочувство за граѓаните на Брисел, а во нивните објави најчесто е вклучен Манекен Пис или Момчето што уринира, иконата на градот, што јасно покажува што мислат луѓето за терористите и симболите на тероризмот.

Најсилна поддршка на Брисел им даваат Французите, кои и самите доживеаја терористички напади пред четири месеци. Своите постови со поддршка за Белгија многуте француски граѓани ги објавуваат со хаштагот „#СитеЗаедно“ (#TousEnsemble).

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе