Порака од швајцарските ливади: „Направете го Трамп повторно мал“ (ФОТО)

Еден Швајцарец на својата ливада направил голем транспарент со порака до Доналд Трамп, што американскиот претседател можел да го види од својот хеликоптер на патот кон Давос, јави Раша тудеј.

Откривајќи дека хеликоптерската флота на Трамп ќе лета до Светскиот економски форум преку неговата ливада пред собирот во Давос, Хеби Доблер (52) кој ја води пиланата во Вернетшаузен, тргнал во акција.

Купил боја, а потоа неколку часови напишал едноставен, но ефективен транспарент составен од букви со големина 8 метри на кој пишувало: „Направете го Трамп повторно мал! (Make Trump small again!), алудирајќи на слоганот за претседателската кампања на Трамп, „Направете ја Америка повторно голема“.

„Таму сигурно има многу луѓе со добри идеи. Но, на крајот, тоа не успева. Огромен напор, многу помпа, но мал ефект“, рече Доблер за Светскиот економски форум, истакнувајќи дека тој користи боја што не е штетна за животната средина, за разлика од деловните и светски лидери кои копнеат за тоа да делуваат „зелено и еколошки“ додека доаѓаат на форумот во своите приватни авиони и хеликоптери.

Сепак, како што пишува Раша Тудеј, додека Трамп и неговата флота со хеликоптерите летале над ливадата на Доблер во вторникот наутро, нивниот поглед на транспарентот им бил затскриен со магла.

„Виша сила“, коментирал Доблер.

Рутата за назад на американскиот претседател сепак ќе го доближи Трамп уште поблиску до транспарентот, па Доблер се надева дека ќе успее да му ја пренесе пораката и нему како и на сите останати.

Во меѓувреме, уште едно гигантска известување „го поздрави“ Трамп додека летал кон најважниот економски настан, овој пат со конкретна порака „Борба против климатските промени, а не Иран“.

Се работи за транспарент со големина од 35 метри што е поставен од видиковец над езерото Вален. Знамето го закачила швајцарска невладина организација за заштита на животната средина со седиште во Цирих, под име „Кампакс“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе