Шести собир на „Еден од пет милиони“

Порака од граѓаните до Вучиќ: Не прави од Белград безбедносна куќа за мафијата

„Тој е за компромис со сите, освен со пристојниот и чесен народ“, рече претседателката на НВО Европско движење од Косово и Метохија.

Шестиот протестен собир на „Еден од пет милиони“, заврши вечер околу 20 часот на Студентскиот плоштад во Белград, повикувајќи ги граѓаните да дојдат во среда, на 16 јануари, на мирен протест на платото пред Филозофскиот факултет, за да му оддадат почит на убиениот лидер на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ.

Протестите минаа мирно вчера вечер, без видливо присуство на полиција во униформи.

Како што соопштија организаторите, кога стигнаа до Студентскиот плоштад, последните демонстранти се наоѓале на улицата Крал Милан во близина на зградата на Претседателството.

Толпата свиреше со свирчиња, носеа транспаренти со натписи „Нѐ има пет милиони“, „Ние сме со народот, а не со сегашните и поранешните крадци“, „Стани Србијо“.

Еден од организаторите на протестот, Бранислав Трифуновиќ побара од властите да ги откријат убијците на Оливер Ивановиќ.

„Тој беше еден од нас, должни сме да му оддадеме почит, дојдете на мирен протест без свирки и донесете свеќи. Сакаме да го обележиме овој ден, такви работи никогаш да не се случат“, рече Трифуновиќ, пренесе Б92.

Претседателката на невладината организација Европско движење од Косово и Метохија, Рада Трајковиќ оцени дека нема да има напредок за Србија додека Александар Вучиќ е на власт.

„Ние од Косово не бараме многу, бараме Србите да не се плашат од Србите, а од кога Вучиќ е на власт ние се плашиме од Србите“, рече Трајковиќ.

Таа рече дека Вучиќ го призна правниот систем на Косово како легален и легитимен и дека затоа на Приштина треба да ѝ го испорача Милан Радојчиќ, кој е осомничен за вмешаност во убиството на Ивановиќ.

„Во Белград устоличи полиграф на правда. Не може тоа така Вучиќ, испорачај го Милан на Приштина, не прави од Белград безбедносна куќа за криминалци и мафија“, рече таа.

Трајковиќ наведе дека Вучиќ се залага за идејата на разграничување со Косово, но дека таква идеја претставува нови страдања, убиства и иселување, против што се бореше Оливер Ивановиќ.

„Тој е за компромис со Тачи (Хашим) и Харадинај (Рамуш), но не и со вас, тој е за компромис со сите, освен со пристојниот и чесен народ“, рече Трајковиќ.

Барањата на демонстрантите се опширни, се бараат пет минути во јавниот сервис за протести, како и пронаоѓање на сторителите и нарачателите на убиството на Оливер Ивановиќ и нарачателите на нападот врз новинарот Милан Јовановиќ.

Се бара оставка на српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, како и смена на генералниот директор на Радио-телевизија на Србија, Драган Бујошевиќ, и уредникот на информативната програма РТС, Ненад Љ. Стефановиќ.

Протести се одржаа и во Крагуевац и Горни Милановац.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе