Ватикан

Порака на папата до светските лидери: Војната раѓа војна

Папата Франциско го осуди убиството на Палестинците во близина на границата на Израел и Појасот Газа и повика на дијалог за правдата и мирот да превладеат на Блискиот Исток.

Обраќајќи им се на десетици илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Франциско предупреди дека убиствата ќе доведат до поголемо насилство, пренесе Ројтерс.

„Повторувам дека употребата на насилство никогаш не води до мир. Војната раѓа војна и насилството раѓа насилство“, порача тој.

Поглаварот на Римокатоличката црква, кој ги посети израелските и палестинските територии во 2014 година, ги повика двете страни и меѓународната заедница да ги удвојат напорите „за да превладеат дијалогот, правдата и мирот“.

Тој рече дека е многу загрижен за крвопролевањето на границата на Израел и Појасот Газа и додаде дека чувствува голема болка за загинатите, повредените и сите кои страдаат, пренесе АП.

Во протестите организирани поради преселување на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим во понеделникот дојде до силно насилство кога израелската војска отвори оган врз демонстрантите, главно Палестинци, и при тоа уби најмалку 58, а повреди најмалку 2.700 лица.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе