Атина

„Порака до Исток и Запад - доста ги затворавме очите“

Времето кога грчката дипломатија „ги затвораше очите“ е поминато, изјави министерот за надворешни работи на земјата Никос Коѕијас.

Како што рече, против секој кој не го почитува и го нарушува националниот суверенитет ќе бидат преземени мерки.

„Грција одлучи да испрати порака до Исток и Запад, на сите наши пријатели и оние кои не се, дека кон секој кој ги нарушува принципите на националниот суверенитет и почитување кон нас, ќе бидат преземени мерки. Времето во која (грчката) дипломатија ги затвораше очите помина“, рече Коѕијас во интервјуто за грчката новинска агенција АНА.

Запрашан да ги прокоментира напнатостите кои се присутни во последно време меѓу Грција и Русија, како и за можното откажување на посетата на Атина од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Коѕијас рече дека не е загрижен и изрази надеж дека сите проблеми ќе бидат решени пријателски.

„Сергеј Лавров кого го сметам за еден од најдобрите дипломати на меѓународната сцена и со кого имам пријателски однос, побара од мене да го повикам во посета. Да дојде во Грција и да се подготви за патувањето на премиерот (на Грција) Алексис Ципрас во Москва, каде што тие го повикаа, што и го направив“, рече Коѕијас.

Според него, ако Лавров сака да дојде, ќе биде добредојден.

„Ако смета дека треба да застане на страна на оние што ги протеравме или со оние на кои не им е дозволено да влезат, тоа е негово право“, изјави Коѕијас.

Односите меѓу Атина и Москва во последно време се влошија по одлуката на грчката влада на 11 јули да протера двајца руски дипломати и забрани влез на други двајца. Грција, како што известија локалните медиуми, ги обвини овие дипломати за мешање во внатрешните работи и поткопување на националната безбедност на Грција. Русија потоа најави контрамерки, а наскоро и планираната посета на Лавров беше одложена.

„Се обидов, како што знаете, а нагласено е и во соопштението, дека не треба да се поврзуваат овие лоши случаи со официјална Русија“, изјави Коѕијас.

Тој нагласи дека ова е прашање за Русија „дали сака да се идентификува со нив или не“.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе