Поради закана со бомба затворена база на американски маринци (ФОТО+ВИДЕО)

База на американските маринци во Бетесда во Мериленд, во која се наоѓа познатата болница Волтер Рид, денес беше затворена поради закана со бомба, соопшти командата на базата на Твитер.

EPA-EFE

На персоналот му било наредено да се засолни откако базата добила анонимен телефонски повик дека има бомба во базата или блиску до неа. претходно беше објавено дека таму можеби има вооружен напаѓач, но тоа беше подоцна негирано.

Освен војниците, во болницата Волтер Рид се лекуваат и американските претседатели и други високи функционери. Поранешниот претседател Доналд Трамп таму мина неколку дена откако се зарази со ковид-19.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе