Поради украинските напади Русите го откажаа референдумот во Херсон за приклучување кон Русија

Официјален претставник назначен од Русија во украинската област Херсон денеска изјави дека плановите за одржување референдум за приклучување кон Русија се „одложени" поради безбедносната ситуација, објави руската државна агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната регионална администрација назначена од Русија, исто така рече дека виталниот мост Антонивски, кој се протега на реката Днепар во близина на градот Херсон, е непрооден за автомобили по неколкунеделното украинско гранатирање.

Официјални лица претходно назначени од Русија предложија референдумот за приклучување кон Русија да се одржи во септември во Херсон, како и во соседната запорошка област и во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, што ќе се совпадне со локалните избори во Русија.

Речиси целата херсонска област беше заземена од руските сили во март, а градот Херсон останува единствениот украински регионален главен град заземен од руската војска од почетокот на инвазијата на 24 февруари. Во последниве недели, руската контрола над Херсон, кој го користат за пренесување на силите од анектираниот Крим, изгледа сè понесигурна.

Серијата убиства на руски функционери во регионот кулминираа на 30 август со убиството на Алексеј Ковалев, поранешен претставник на партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ѝ се приклучи на руската администрација во Херсон.

Украина минатата недела објави дека започнала контраофанзива за повторно заземање на регионот по неколку недели гранатирање на мостови и складишта за муниција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе