Поради турскиот напад запреа акциите на Курдите против ИСИС (ВИДЕО)

Американски одбранбен функционер и курдски функционер во Сирија рекоа дека сириската милиција, која ја поддржуваат САД, а која сега е под напад од турските сили, ги прекинала операциите против групата Исламска држава.

Милицијата, позната како Сириски демократски сили, се помести на позиции да ја одбијат турската офанзива, која засега се состои од воздушни напади и артилериски гранатирања.

Функционерите што го потврдиле прекинот на операциите на СДФ против Исламска држава не биле овластени да даваат детали за ситуацијата што се развива и зборувале под услов на анонимност, пренесе Асошиејтед прес.

Американскиот функционер од одбраната рекол дека сè уште не почнал упадот на турските копнени сили, но дека се очекува наскоро.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе