Поради невреме во САД стотици возила вклучени во верижна сообраќајна несреќа (ФОТО)

Стотина возила учествувале во повеќе верижни судири на 13 март на автопатот И-25 во американската држава Колорадо, објави Пожарниот оддел на Велингтон на својата Фејсбук страница.

Поединечна несреќа брзо прераснала во два големи верижни судири, во кои учествувале околу 80 возила на патот во должина 1,6 километри. Неколку помали сообраќајни несреќи со едно или повеќе возила се случиле истиот ден 3 километри северно.

Автопатот набрзо бил затворен во двата правци, од Велингтон до Вајоминг, а Црвен крст отворил база за помош на лицата кои учествувале во судирите.

Причината на верижниот судар и затворањето на автопатот биле заледените патишта и налетите на ветрови и снег поради силното невреме кое на 13 март го погоди тој дел од САД и траеше неколку дена.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе