Поради коронавирусот во градот на Пабло Ескобар никогаш немало помалку убиства

Колумбискиот град Медејин, некогашното царство на наркобосот и наркотерористот Пабло Ескобар, бележи рекордно ниска стапка на убиства во март додека градот се бори со заразата на новиот коронавирус.

Во март во градот биле убиени 18 луѓе, објавија безбедносните служби. Вкупниот број на убиените од почетокот на годината е 86, што е намалување од 44 отсто во однос на истиот период минатата година.

Градскиот функционер Хозе Жерардо Асеведо бројката ја опиша како историска.

„Не можеме да негираме дека карантинот има позитивни последици, меѓу кои е и падот на злосторствата“.

Локалните медиуми, меѓу кои весникот Ел еспектадор, известуваат дека толку ниска стапка на убиства не е забележана 40 години.

Ескобар во 1980-тите го создаде наркокартелот Медејин и се верува дека до смртта во пресметка со полицијата во 1993 е одговорен за околу 6.000 убиени.

Од неговата смрт градоначалниците се борат против превласта на картелот во градот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе