Поради климатските промени Тесла повеќе нема да прифаќа биткоин, рече Илон Маск и ја урна криптовалутата

Тесла ја укинува можноста за купување на нејзините возила со биткоин поради загриженост за климатските промени, напиша извршниот директор Елон Маск на Твитер.

Фото: ЕПА

По оваа објава на Маск, вредноста на биткоинот падна за повеќе од 10%, а падна и вредноста на акциите на Тесла.

Компанијата во март објави дека ќе прифаќа купување со криптовалути, по што наиде на критики од многу еколози, но и инвеститори, пишува Би-би-си.

„Загрижени сме поради сѐ поголемата употреба на фосилни горива за трансакции и копање на биткоинот. Особено сме загрижени за јагленот, со најлоши емисии од сите горива. Криптовалутата е добра идеја, но не смее да предизвикува огромни еколошки проблеми“, напиша Маск.

Тој додаде дека компанијата нема да продаде ниту еден свој биткоин и дека повторно ќе го користи за трансакции штом копањето по таа криптовалута ќе премине на поодржлив извор на енергија.

Биткоинот е криптовалута што може да се „ископа“ на исклучително моќни компјутери. Оние што копаат биткоини се натпреваруваат едни со други во решавање на комплексни математички загатки.

Но за овој процес се користи исклучително многу електрична енергија, која се добива од фосилните горива. На сцената на електронското рударство доминираат Кинезите, кои се заслужни, според едно неодамнешно истражување, за 75% од ископаниот биткоин низ целиот свет.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе