Поради изјавите на Земан, Косово се откажа од самитот во Прага

Поради изјавите на чешкиот претседател Милош Земан дека ги сака Србите и дека не го сака Косово како и најавата дека ќе се обиде да види дали може Чешка да го повлече признавањето на независноста на Косово властите во Приштина, денес демонстративно се откажаа од учеството на самитот на премиери на Вишеградската група и Западен Балкан во четврток во Прага, јавува чешката агенција ЧТК.

По зборовите на претседателот Земан во Белград, како што дознава ЧТК, досега нема потврдени гости на самитот во Прага. Косово требаше да го претставува потпретседателот на владата, но чешките домаќини водат преговори Косово сепак да биде претставено барем на некое ниво.

Реакции во самата Чешка предизвика веќе изјавата на претседателот Земан, по слетувањето на белградскиот аеродром во вторникот, дека ја сака Србија и Србите, но не го сака Косово, а шефот на чешката дипломатија Томаш Петричек, денес се обидуваше да ја претвори изјавата во шега, велејќи дека претседателот не го сака Косово затоа што ја победи чешката фудбалска репрезентација, па како навивач не го сака.

Шефот на чешката дипломатија порача дека Чешка има коректни односи и со Косово и со Србија и дека е меѓу стотината земји што го признаа Косово и дека е во интерес на европската безбедност Западен Балкан да се интегрира во ЕУ, додека претставници на чешката опозиција остро го осудија Земан дека дава такви неодговорни изјави во регион што е како буре барут.

„Кога би сакал да бидам суров, би рекол на пистата на аеродромот, да мрмори што сака. Надворешната политика и нејзиниот правец ги утврдува владата“, рече лидерот на опозициската партија СТАН, Вит Ракушан.

Поранешниот шеф на чешката дипломатија од опозициската либерална партија ТОП09, Карел Шварценберг му порача на Земан дека ако смета дека Косово не постои, треба да ги праша чешките фудбалери.

„Тоа не е можно. Ако некоја држава е призната, не можеме да кажеме дека не постои“, рече тој по повод денешната најава дека ќе се советува со чешките претставници дали Чешка може да го повлече признавањето од времето кога Шварценберг беше шеф на чешката дипломатија во владата на премиерот Мирек Тополанек кога го призна Косово во мај 2008 година.

Претседателот на Сенатот на чешкиот парламент Јарослав Кубера за весникот Млада фронта Днес денес изјави дека Земан спомнал повлекување на признавањето на Косово само за да им се допадне на Србите.

„Го рече тоа за да им се допадне на Србите. Ништо од тоа не произлегува. Тој нема никаква правна моќ да го промени тоа. Претседателот може да зборува што сака, но тој не е оној што може нешто да направи. Повторно тоа ќе биде расправа за ништо“, рече Кубера.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе