Поради грешка на персоналот на авионот патниците крвавеле (ВИДЕО)

Околу триесет патници на индиската авиокомпанија крвавеле од носот и ушите откако екипажот заборавил да го активира изедначувањето на притисокот во кабината.

Со 166 патници и членови на екипажот, летот Мумбаи- Јаипур на авиокомпанијата Џет Ервејс се вратил назад 45 минути откако полетал, по појавата на алармантни симптоми. Објавена е и снимка на Твитер.

На видеото се гледа дека меѓу патниците владее „мртва тишина“ и секој носи маска за кислород.

„Панична ситуација поради технички проблем на летот на Џет Ервејс од Мумбаи до Јаипур. Авионот се враќа во Мумбаи по 45 минути. Сите патници се безбедни, вклучувајќи ме и мене“, напиша на Твитер еден од патниците на летот.

По итното слетување лекарите ги прегледале сите патници, а авиокомпанијата им се извинила на сите патници за непријатностите, јави Си-ен-ен.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе