Поради големиот број заболени од коронавирусот во Лос Анџелес пристигна брод болница (ВИДЕО)

Големиот брод болница Мерси на американската воена морнарица доплови денес во пристаништето на Лос Анџелес, во Калифорнија, бидејќи на болниците во градот им е потребна дополнителна помош во борбата против коронавирусот, јавува Франс прес и додава дека пандемијата на вирусот ковид-19 молневите се шири низ САД.

Мерси располага со 800 лекари и друг медицински персонал, 1.000 болнички кревети и 12 операциски сали и 5.000 ќеси за трансфузија на крв.

Во пловечката болница ќе се сместуваат пациентите кои немаат ковид-19 за болничките кревети во градските болници да се ослободат за заболените од вирусот. Некои пациенти кои се веќе хоспитализирани во некоја од болниците во Лос Анџелес ќе бидат преместени на Мерси.

„Мерси ќе преземе дел од товарот кој ги притиска нашите итни служби и единиците на интензивната нега бидејќи бројот на заболени од вирусот во следните недели ќе се зголемува“, кажа градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарсети.

Поради големиот прилив на болни, пловечката болница долга 272 метри ќе овозможи да се ослободат болничките кревети кои во моментов се пополнети до 80 или 90 отсто, објасни Гарсети.

Барање за испраќње бродови болници испрати не само Калифорнија туку и државата Вашингтон која беше прва на удар на коронавирусот, но има помалку заразени.

Во Калифорнија од ковид-19 досега умреа 65 луѓе, а заразени се 3.000. Вчера во само еден ден Лос Анџелес забележа 400 нови случаи на зараза и 9 мртви.

На помош на Њујорк, епицентарот на епидемијата во САД, му доаѓа воениот брод Комфорт.

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави дека во САД има 85.356 заразени, 16.916 повеќе од претходниот извештај во средата. Бројот на мртвите се покачи за 252 па сега вкупната бројка е 1.246 луѓе.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе