Поради експлозијата во Бејрут падна либанската влада

Либанската влада поднесе денес оставка, јавува Франс прес, а се очекува набрзо истото да го направи и премиерот Хасан Диаб. Оваа вест на локалните медиуми им ја потврдија неколку либански актуелни министри.

EPA-EFE

Министерот за здравство Хамад Хасан им кажа на новинарите по состанокот на владата: „Целата влада поднесе оставка“. Хасан додаде дека премиерот Диаб ќе се упати во претседателската палата каде ќе ја предаде оставката во име на сите министри.

Оставките следат по дводневните немири во Либан поради експлозијата која се случи минатиот вторник и начин на кој владата реагира на целата ситуација.

Претходно оставки дадоа министерката за правосудство Мари Клод Најм, министерот за информирање Манал Абдел Самадд и министерот за заштита на животната средина Дамијанос Катар.

Покрај тоа, најмалку девет пратеници во парламентот исто така дадоа оставки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе