Поради бавната програма за вакцинирање во Русија се заштитени само 6 отсто од граѓаните

Во Русија кампањата за вакцинирање против коронавирусот и понатаму споро напредува – заклучно со денес само околу 9 милиони луѓе или 6 отсто од населението примиле две дози од вакцината, соопшти државната телевизија.

EPA-EFE

Руските научници досега развија три вакцини против коронавирусот. Првата од нив, Спутник V, на рускиот пазар е веќе речиси девет месеци.

И покрај докажаната ефикасност на Спутник V, анкетите спроведени меѓу населението во Русија покажуваат дека повеќето не сакаат да се вакцинираат бидејќи се сомневаат во безбедноста на вакцината.

Истовремено, иако дел од населението се колеба околу вакцинирањето, руските медиуми јавуваат дека многу руски региони се борат да добијат што повеќе дози.

За разлика од нив, жителите на Москва се вакцинираат и на места како трговските центри.

Претседателот Владимир Путин неодамна кажа дека би сакал Русија, земја со 146 милиони жители, до есента да успее да постигне колективен имунитет, а според вицепремиерката Татјана Голикова, дневно се вакцинираат и до 300.000 луѓе.

Според податоците на државната телевизија, досега прва доза од трите руски вакцини примиле 13 милиони жители.

Русија истакнува дека вакцината Спутник V, која ја разви московскиот Истражувачки институт Гамалеја, ја одобриле 64 земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе