Поради аферата со корупција поднесе оставка, но сега Штрахе се враќа - „Излегувам на избори“

Поранешниот лидер на австриската Партијата на слободата (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе изјави дека се враќа во политиката и дека ќе излезе на претстојните избори во Виена.

Тој поради т.н. „Афера Ибица“ беше принуден да поднесе оставка од сите политички функции, па така и од функцијата вицеканцелар.

Штрахе на состанокот „Сојуз за Австрија“, основана од поранешни советници на ФПО, рече дека ќе се кандидира за чело на партијата.

„Да му објавиме на политичкиот естаблишмент борба. Да го надминеме демократско-политичкото црвено-зелено мнозинство“, побара тој од своите приврзаници.

Штрахе истовремено најави дека името на листата, што ќе ја предводи, ќе биде сменето пред изборите.

Тој на поддржувачите им пораче дека тој е „оригиналот“ кој толку години го водел ФПО, а дека тоа не се они кои го исфрлиле од партијата.

Што се однесува до истрагата што се води против него, тој рече дека има „чиста совест“.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе