Популарен 25-годишен горила убиен од ловокрадци во Уганда

Угандските власти уапсија четворица мажи поврзани со убиството на 25-годишниот горила, кој бил водач на чопор и исклучително популарен меѓу туристите.

Фото: Јутјуб

Мажјакот наречен Рафики е убиен во Националниот парк Буенди. Тој исчезнал на 1 јуни, а неговото тело е пронајдено следниот ден.

Рафики починал откако ловокрадец му забил копје во стомакот, пробивајќи длабоко во неговите внатрешни органи, се вели во извештајот од обдукцијата. Последен пат кога планинска горила починала од рацете на луѓето било во 2011 година.

Националниот парк е под заштита на УНЕСКО, се наоѓа во близина на границата со Демократска Република Конго, густата прашума се простира на површина од 320 квадратни километри. Во националниот парк живеат мајмуни, слонови, антилопи и други диви животни.

Туристите најмногу ги привлекуваат приближно 400 планински горила кои ја населуваат областа. Околу половина од светското население на горила живее во Буенди.

Угандската служба за диви животни (УВА) објави дека четворица мажи се затворени за нивната улога во убиството на Рафики.

Еден маж го „призна убиството на горилата во самоодбрана“ и тврди дека горилата, наводно, го нападнала додека ловел со останатите уапсени, се вели во соопштението.

Рафики бил водач на чопорот наречен Енкуринго, составен од 17 горили.

Ловокрадството е вообичаено во Уганда и полицијата честопати објавува дека запленила скапоцени предмети како што се слонова коска, рогови од носорог, панголинови крлушки.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе