Поплави во Франција: Тројца спасувачи загинале обидувајќи се да спасат две лица (ФОТО)

Во силно невреме што ја погоди југоисточна Франција, пет лица го загубија животот, соопштија француските власти.

Две жртви ги однела надојдена вода, додека преостанатите тројца спасувачи загинале во хеликоптер кога тргнале да им помогнат на загрозените.

Тројца патници во хеликоптер за Цивилна безбедност, кои тргнале на помош на жителите погодени од невремето во департманот Вар, синоќа биле пронајдени мртви во близина на Марсеј, во област која не е под црвен метролошки аларм, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При обилните врнежи на Азурниот брег, две лица во департманот Вар загинале, соопшти полицијата. Станува збор за сопственик на пансион за коњи кој излегол да се грижи за нив и еден овчар кој тргнал да ги внесе животните внатре.

Спасувачите биле ангажирани во Фреџис, каде цела една населба била покриена со вода, како и во местата Пиже-сур-Аржан и Рокбрин-сур-Аржан, кои биле поплавени и минатата недела. Со невремето е погоден и департманот Приморски Алпи кој се граничи со Италија, каде се поплавени неколку населби.

Управителот на департманот Приморски Алпи потврди дека врнежите се намалуваат, но сепак е најавено дека денес сите училишта во Кан и Манделај, како и општината Пегомас, ќе бидат затворени. Поради претпазливост откажани се и бројни културни и спортски настани, натпревари, затворени се кина и трговски центри.

Француската метеоролошка служба издаде црвен метеоролошки аларм за департманите Вар и Приморски Алпи што е предвидено да истече утрово.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе