Поплави кај Мадрид: улиците поплавени, дел од метрото отсечен (ВИДЕО)

Улиците и подземната железница во Мадрид и околината и понатаму се надвор од функција, по обилните дождови кои предизвикаа поплави и ги претворија улиците во реки, а пожарникарите интервенирале најмалку 150 пати.

Во градот кој е најмногу погоден – Арганда дел Реј, југоисточно од Мадрид – фотографиите и снимките на локалните медиуми ги покажуваат улиците претворени во реки од кал кои носат автомобили и слој од град на тлото.

„Нема повредени, а интервенциите беа релативно мали за невреме од такви размери: треба да се соберат гранките од јавните површини, водата од гаражите, подрумите и продавниците“, изјави за Франс прес портпаролот на итните служби за мадридскиот регион.

Пожарникарските служби реагирале 152 пати вчера, главно на југот и истокот на градот.

Сообраќајот на четирите автопати кои ја опкружуваат шпанската престолнина синоќа биле во прекин, како и пет линии на метрото, а некои станици биле целосно поплавени.

Сообраќајот утринава е нормализиран, иако на одредени автопати е сѐ уште нарушен, а линијата на метрото за Арганда дел Реј е во прекин.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе