Официјална посета на централна Европа

Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера пристигна во Будимпешта, првата станица од повеќе дневната посета на централна Европа. На врвот на неговата агенда е „загриженоста на Соединетите Американски Држави поради порастот на влијанието на Кина и Русија во тој регион“.

Помпео им кажа на новинарите во Будимпешта дека САД нема да му дозволат на рускиот претседател Владимир Путин да направи раздор меѓу нивните пријатели и НАТО.

Тој додаде дека ќе ги запознае Унгарија и другите земји со ризиците кои ги носи опремата на кинескиот произведувач на мобилни телефони Хуавеј.

Како што е најавено во Вашингтон, Помпео ќе побара од Унгарија да се откаже и од поддршката на гасоводот Турски тек и да го забрза завршувањето на погонот за прифаќање американски течен гас.

„Соединетите Држави се посветени на соработката со европските земји. Тие се важен дел од американската национална безбедност“, кажа Помпео.

Тој оцени дека отсуството на САД од регионот поради политиката на претходната американската администрација било „глупаво и им наштетило на американските национални интереси“.

Анонимни американски функционери тврдат дека Помпео за влијанието на Кина и Русија ќе разговара и денес за време на неговата посета на Словачка, пренесува Асошиејтед прес.

Истите извори тврдат дека американскиот државен секретар на тамошните лидери силно ќе им укаже на важноста на сузбивањето на напорите на Кина и Русија да ги одалечат тие земји од Западот.

Покрај Унгарија и Словачка, Помпео ќе ги посети и Полска, Белгија и Исланд.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе