Американскиот државен секретар

Помпео во тајна посета на Багдад

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера ненадејно го посетил Багдад, за да покаже поддршка за ирачката влада, додека Соединетите Американски Држави добиваат разузнавачки информации дека Иран е закана за американските интереси на Блискиот Исток.

Ненајавеното патување на високиот американски дипломат во ирачкиот главен град почнало и брзо завршило по наглото откажување од посетата на Германија. На новинарите што го придружувале Помпео не им била кажана неговата нова дестинација сè додека неговиот авион не тргнал кон Багдад и тие не смееле да известуваат каде се наоѓа тој сè додека неговиот авион не полетал назад за Лондон.

Секретарот им рекол на новинарите во авионот дека целта на неговите состаноци со ирачкиот претседател и премиер е да се покаже поддршката на САД за „суверен, независен“ Ирак, ослободен од влијанието на соседен Иран.

Помпео, исто така, рекол дека сака да ја нагласи ирачката потреба да ги заштити Американците во својата земја.

„Сакавме да ги известиме за зголемената закана што ја видовме и да им дадеме малку поголеми информации за да можат да осигурат дека прават сè што можат за да обезбедат заштита за нашиот тим“, рече тој. „Тие разбраа, тоа е важно и за нивната земја“.

Администрацијата на Трамп ја засили својата кампања за притисок против Иран. САД неделава соопштија дека пуштаат група носачи на авиони на Блискиот Исток за да спречат или да одговорат на кој било ирански напад.

Официјални претставници на САД рекоа дека има знаци дека Иран планира да се одмазди за засилените санкции од администрацијата на Трамп за земјата, иако информациите за заканата остануваат нејасни.

Помпео не кажал конкретно какви се неодамнешните информации за заканите поврзани со Иран, со исклучок на тоа дека имало „сигурни“ планови за напади. „Ги преземаме сите активности за да ги одвратиме“, рече тој. „Освен тоа, едноставно не можам да кажам повеќе.“

Пред да слета во Багдад, тој рекол дека на состаноците ќе стави до знаење дека секој напад од Иран или од неговите сојузници врз американските сили во Ирак ќе влијае и врз ирачката влада.

„Кампањата за продолжување на спречувањето на тероризмот на ИСИС во самиот Ирак е нешто што е многу важно... за ирачката влада“, рекол Помпео.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе