На годишнината од падот на Берлинскиот ѕид

Помпео во Берлин остро ги нападна Путин и Кина (ВИДЕО)

Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпо денес, на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, остро ги критикуваше Кина и Русија и укажа дека 9 ноември и падот на Берлинскиот ѕид за овие земји не се причина за славење.

„Русија, на чело со поранешниот офицер на КГБ некогаш стациониран во Дрезден, упаѓа во соседните држави и ги ликвидира своите политички противници“, кажа Помпео денес алудирајќи на поранешната шпионска активност на рускиот претседател Путин.

Американскиот министер за надворешни работи позицијата на опозицијата во Кина и Русија денес ја спореди со онаа во поранешна Источна Германија и кажа дека станува збор „за режими за кои падот на Ѕидот е предупредување исполнето со страв, а не причина за славје“.

„Руските власти го окупираа Крим со помош на рации и мачења. Во Чеченија исчезнува секој кого ќе го прогласат за непожелен“, кажа Помпео.

Тој истворемено повторно предупреди на опасноста од изградбата на гасоводот Северен тек 2.

„Ние не сакаме европското снабдување со енергија да зависи од самоволието на Владимир Путин“, кажа Помпео.

Осврнувајќи се на Кина, Помпео кажа дека власта во Кина врши притисок врз своите граѓани кои „на шокантен начин“ потсетуваат на оние применувани од некогашен ДДР.

„Комунистичката партија на Кина ги шиканира и следи активистите од Синџијанг и Хонг Конг кои се наоѓаат во егзил во Европа“, кажа Помпео.

Тој предупреди и дека на кинескиот концерн Хуавеј не треба да му се дозволи учество во изградбата на 5Г мрежа.

Помпео на прославата на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид повика на заедничка борба на САД и партнерите за одбрана на човековите права. Тој денес треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе