Американскиот државен секретар

Помпео тврди дека Ал каеда има база во Иран, без каков било доказ (ВИДЕО)

Американскиот државен секретар Мајк Помпео кажа денес, не давајќи цврсти докази, дека терористичката група Ал каеда воспоставила нова база во Иран и дека Соединетите Американски Држави имаат помалку опции за борба против таа организација сега кога се „укопала во таа земја“.

EPA-EFE

Само осум дена пред истекот на мандатот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, Помпео истакна дека Иран им пружил засолниште на лидерите на Ал каеда и дека ги поддржува, и покрај тоа што американската разузнавачка заедница и Конгресот се сомничави околу тоа.

Њујорк тајмс во ноември објави дека израелски агенти во Иран го убиле членот на Ал каеда Абу Мухамед ал Масри, обвинет дека помагал во планирањето на бомбашките напади врз две американски амбасади во Африка во 1998. Иран го негираше тоа, тврдејќи дека на негова територија нема терористи на Ал каеда.

Помпео на конференција за новинарите во Националниот новинарски клуб во Вашингтон кажа дека за првпат јавно кажува дека Ал масри бил убиен на 7 август минатата година.

Американскиот државен секретар додаде дека престојот на Ал Масри во Иран не бил изненадување, додавајќи дека „престојот на Ал Масри во Иран укажува на причината поради која сме денес тука... Ал каеда има нова база: тоа е Исламска Република Иран“.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на Твитер ги отфрли обвинувањата на Помпео како „лаги и поттикнување војна“.

Помпео кажа дека воведува санкции против лидерите на Ал каеда во Иран и тројца лидери на курдски баталјони на терористичката организација.

Кажа и дека САД нудат награда од 7 милиони американски долари за информации кои би овозможиле лоцирање или идентификување на лидерот на Ал каеда кој наводно престојува во Иран, познат под името Абд ал Рахман ал Магреби.

Помпео и претходно го обвинуваше Иран за поврзаност со Ал каеда, но без конкретни докази.

И претходните обвинувања на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ В. Буш дека Иран е поврзан со нападите на Ал каеда на 11 септември 2001 во САД беа дискредитирани.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе