Помпео тргна на европска турнеја. Сака да го спречи влијанието на Кина и Русија

Државниот секретар на САД Мајк Помпео денес ја започнува петдневната европска турнеја на која, како што најавуваат американските претставници, треба да се обиде да се спротивстави на руското и кинеското влијание во регионот.

Турнејата ќе ја започне во Унгарија, па ќе продолжи во Словачка, Полска - каде што ќе учествува на меѓународната конференција за Блискиот Исток – а потоа ќе продолжи во Белгија и Исланд.

Официјални претставници на Стејт департментот во петокот објавија дека Вашингтон се обидува да го зајакне „американскиот дипломатски, трговски, воен и културен ангажман“ во централна Европа.

„Нашиот став е дека тој е задоцнет и дека сега е потребен, во последната деценија недостасувал силен американски ангажман во централна Европа и се создал вакуум кој Русија и Кина подготвено го исполниле“, изјавија официјални лица за новинарите.

„Нашата порака е дека мора да се појавиме или ќе изгубиме“, додадоа тие.

Помпео денес се очекува во Будимпешта, во услови на затегнати односи со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој, од друга страна, ги подобрува односите со Русија и Кина.

Би требало да разговараат за одбранбената соработка, енергетската диверзификација, влијанието на Русија и одржувањето цврста лојалност кон НАТО алијансата.

Додека рускиот претседател Владимир Путин минатата година беше два пати во Унгарија, американски претседател последен пат бил во 2006 година.

Помпео, исто така, на Унгарија би требало да ѝ изрази загриженост поради се поголемото присуство на кинеската компанија Хуавеј технолоџис во централна Европа.

Хуавеј технолоџис планира во Унгарија да основа Европски логистички центар за оваа година и да ги зголеми производствените капацитети во централна Европа.

САД се обидува да ги убеди владите на другите земји да го избегнуваат Хуавеј, кој е под надзор на европските разузнавачки агенции поради наводните врски со кинеската влада и можноста нивната опрема да се користи за шпионажа.

Помпео, како што се очекува, од лидерите во регионот ќе побара да го насочат вниманието на предупредувањата на земјите од азиско-пацифичкиот регион кои поради тесната соработка со Кина се најдоа во тешка позиција.

САД се загрижени за влијанието на Хуавеј во малите држави од централна и источна Европа, бидејќи во нив има доста корупција и е многу лесно да се навлезе во државните системи.

Помпео после Унгарија ќе ја посети Словачка, каде што исто така ќе разговара за зајакнување на одбранбената соработка и безбедноста.

Ниеден американски државен секретар не бил во Братислава веќе дваесет години.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе