Ја спореди со денешните руски дејства во Украина и Грузија

Помпео: Советската окупација на балтичките држави во 1940 е криминален чин (ВИДЕО)

Државниот секретар на САД Мајк Помпео кажа дека советската окупација и анексијата на балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија во 1940 година е „криминален чин“ и го спореди со денешното руско воено дејствување во Украина и Грузија.

EPA-EFE

Во денешното соопштение на Стејт департментот Помпео кажа дека „како што САД никогаш не го признале присилното припојување на балтичките држави од страна на Советскиот Сојуз така никогаш нема да го признаат рускиот напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и Грузија“, исто така поранешни советски републики.

Соопштението и посебната видео-порака на Помпео беа објавени денес на твитер профилот на американската амбасада во Тбилисија во Грузија и ја одбележуваат 80-годишнината на Велсовата декларација, по името на нејзиниот иницијатор, тогашниот вршител на должноста државен секретар Самнер Велс.

Во декларацијата која САД ја потпишале на 23 јули 1940, Америка ја осудува окупацијата и анексијата на Естонија, Летонија и Литванија од страна на советскиот диктатор Јосиф Сталин. Советските трупи влегле во тие три земји една недела пред тој датум.

Помпео кажа во видео-пораката дека Америка останува верна на принципите на суверенитетот кои се наоѓаат во декларацијата.

Тој документ има големо значење за владите на тие три земји откако останаа окупирани речиси 50 години сѐ до независноста во 1991 година кога се распадна СССР. Сите три земји сега се членки на ЕУ и НАТО.

Во посебно заедничко соопштение Помпео и министрите за надворешни работи на Естонија, Летонија и Литванија Урмас Реинсалу, Едгар Ринкевич и Линас Линкевичиус го осудија дествувањето на Москва „да ја прекројува историјата за да ја оправда окупацијата и анексијата на балтичките држави од страна на Советскиот Сојуз во 1940 година“.

Трите балтички земји беа под советска власт од 1940-1941 и од 1944 до 1991. Од 1941 до 1944 беа под окупација на нацистичка Германија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе