Шефот на американската дипломатија

Помпео сепак нема да оди во Москва, ќе го посети Брисел за преговори за Иран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги смени станиците на својата посета на Европа, па наместо Москва, како што беше најавено, ќе замине во Брисел за со европските државници да разговара за Иран и други важни прашања.

Наместо да се упати директно кон Москва, денес Помпео ќе разговара со европските функционери, изјави анонимен претставник на Стејт департментот за Ројтерс.

Откажувањето на посетата на Москва најверојатно нема да влијае врз неговата утрешна средба со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, која е закажана за утре во Сочи. Помпео треба да разговара со нив за она што Вашингтон го нарекува „агресивни и дестабилизирачки постапки“ на Русија.

Вашингтон постојано ја обвинува Москва за мешање низ целиот свет, во последно време за Венецуела, каде, според Помпео, само на САД им е дозволено да се мешаат во внатрешните прашања, коментира Раша тудеј.

Помпео цела минатата недела ја мина ексалирајќи го притисокот врз Иран, заканувајќи е со „брза и решителна“ американска акција како одговор на она што го дефинира како „напад врз американските интереси или граѓани“ од страна на „Иран или неговите сателити“. Тој минатата недела ја откажа посетата на Германија и наместо тоа замина во Ирак, каде порача дека Багдад треба да се воздржи од соработка со Техеран.

Во петокот Пентагон соопшти дека испраќа дополнителни противвоздушни системи „патриот“ на Блискиот Исток како поддршка на носачите на авиони и бомбардерите испратени во близина на иранскиот брег како „предупредување“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе