И тоа за време на претстојната посета на Истанбул и побараа од Вашингтон наместо тоа да се фокусира на расизмот и злосторствата од омраза во САД, пренесува Асошиејтед прес.
Турското министерство за надворешни работи соопштението на Стејт департментот го оцени како „крајно непримерно“, инсистирајќи дека властите ги штитат правата на граѓаните од различни вероисповеди слободно да практикуваат својата религија.
„За САД би било подобро најпрво да погледнат во огледало и да ја покажат неопходната чувствителност на кршењето на човековите права како што се расизмот, исламофобијата и злосторствата од омраза во својата земја“, се наведува во соопштението на турската дипломатија.
Министерството предложи Вашингтон да го префрли фокусот на зголемена соработка со Турција околу регионалните и глобалните прашања.
Стејт департментот вчера издаде соопштение во кое се наведува дека државниот секретар Мајк Помпео ќе го посети Истанбул за да се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, со кого планира да разговара за религиските прашања во Турција и да го промовира цврстиот став на САД за религиските слободи низ светот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во јули ја претвори христијанската базилика Аја Софија во џамија, игнорирајќи ги повиците на меѓународната заедница дека поранешната црква треба да остане музеј во знак на признавање на мултикултурното минато на Истанбул. Овој потег доведе до обвинувања дека турскиот лидер се обидува да го избрише културното наследство на православните христијани.
Ердоган подоцна донесе одлука уште една црква од времето на Византија која се наоѓа во Истанбул да ја претвори во џамија.
Турските власти истовремено се под притисок повторно да ја отворат православната теолошка школа која е затворена од 1971 година.