Помпео: САД сметаат дека Кина спроведува геноцид врз муслиманското малцинство

Соединетите Американски Држави сметаат дека Кина „спроведува геноцид“ врз ујгурските муслимани во областа Синџијанг, изјави американскиот државен секретар во заминување Мајк Помпео пред влегувањето на Џо Бајден во Белата куќа.

EPA-EFE

„Мислам дека тој геноцид уште трае и дека сведочиме на системски обид на Кина да ги уништи Ујгурите“, истакна тој во соопштение.

Тој ги спомна „злосторствата против човештвото кои кинеските власти ги спроведуваат против Ујгурите и другите етнички и верски малцинства во Синџијанг најмалку од март 2017 година“.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден пред изборите во ноември, според соопштението кое неговиот изборен тим го објави во август, оцени дека репресијата над тоа муслиманско малцинство претставува „геноцид на авторитарната влада на Кина“.

„Соединетите Држави ја повикуваат Народна Република Кина веднаш да ги ослободи сите самоволно заробени лица и да го прекине својот систем на затворања и логори, домашен притвор и присилна работа“, наброја Мајк Помпео.

Според западните експерти, повеќе од милион Ујгури се наоѓаат во затвори и кампови за политичко превоспитување.

Пекинг го негира тоа и тврди дека станува збор за центри за стручно оспособување за Кина да ги оддалечи Ујгурите од тероризмот и сепаратизмот по нападите за кои ги обвинуваат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе