Американскиот државен секретар порача

Помпео: САД се подготвени да разговараат со Иран без предуслови

САД се подготвени да разговараат со Иран „без предуслови“, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Ние сме подготвени да седнеме со нив на маса“, изјави Помпео за време на посетата на Швајцарија.

Тој, сепак, рече дека САД ќе продолжат да вложуваат напори за целосно прекинување на „деструктивните активности на Исламската Република и нејзините револуционерни сили“.

Тензиите меѓу Иран и САД растат од 2018 година, кога Вашингтон се повлече од меѓународниот нуклеарен договор со Техеран, постигнат во 2015 година.

Од тогаш, Вашингтон ги врати острите економски санкции кон Техеран, кој во почетокот на мај објави дека ќе почне да не се придржува на обврските од тој договор.

Повикувајќи се на иранска закана за американските интереси во регионот, администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати носач на авиони и бомбардери Б-52 во Заливот, и најави дека уште 1.500 американски војници ќе бидат распоредени на Блискиот Исток.

Трамп минатата недела изјави дека САД не бараат промена на режимот во Иран, туку сакаат таму да нема нуклеарно оружје.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе