Помпео: САД ќе направат сѐ за да оневозможат иранскиот танкер да ја достави нафтата на Сирија

САД ќе преземат сѐ што можат за да спречат иранскиот танкер да ѝ достави нафта на Сирија, предупреди државниот секретар Мајк Помпео.

„Јасно им дадовме до знаење на сите кои ќе стапат во контакт, ќе го поддржат бродот или ќе му дозволат да влезе во пристаниште дека им се закануваат санкции од Соединетите Држави“, кажа Помпео.

„Ако тој брод повторно се упати кон Сирија, ќе преземеме сѐ што можеме во согласност со тие санкции за тоа да го спречиме“, додаде тој.

Бродот Арјан Дарја, кој претходно се викал Грејс 1, го напушти Гибралтар на 18 август, а податоците на пловењето покажуваат дека е упатен кон грчкото пристаниште Каламата.

Бродот стана предмет на дипломатски спор меѓу Иран и Британија откако на 4 јули беше задржан во Гибралтар под сомнеж дека превезува иранска нафта за Сирија, кршејќи со тоа меѓународни санкции.

Властите во Атина го следат правецот на пловењето на бродот и тој, како што е пријавено, би требало во недела да стигне во Каламата, пристаниште на југот на Грција.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе