Шефот на американската дипломатија

Помпео: Русија се меша во изборите низ целиот свет (ВИДЕО)

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат „решителни мерки“ против „злонамерното дејствување“ на Москва, порача шефот на американската дипломатија Мајк Помпео по објавувањето на истрагата за тоа прашање.

„Јасно ќе им кажеме дека тоа е неприфатливо“, кажа тој на конференција за новинарите во Вашингтон. „Ќе преземеме решителни мерки за уште повеќе да платат за своето злонамерно дејствување и ќе продолжиме тоа да го правиме“, додаде тој, иако американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати истакна дека сака да ги подобри односите со Русија.

Помпео одговараше на прашања за извештајот на специјалниот обвинител Роберт Малер кој ја спроведе истрагата за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

„Тоа е сериозно, Русија се меша во изборите во целиот свет, не само во нашите во 2016, туку и на други места“, оцени Помпео.

„Мислам дека не постои ни најобичен разговор меѓу некој висок американски функционер и Русите, за време на оваа администрација, во кој не сме изразиле загриженост околу руското мешање во нашите избори“, кажа тој.

Сега кога Малеровиот извештај покажа дека не е утврден дослух меѓу кампањата на Трамп и Кремљ, „ќе им испратиме решително барање Русија да не презема активности кои би го попречувале целосното функционирање на нашата демократија“, кажа Помпео.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе