Помпео пристигна во Британија на разговори за Кина, 5Г и брегзитот

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео пристигна денес во Британија за со тамошниот премиер Борис Џонсон да разговара за Кина, 5Г технологијата и брегзитот.

EPA-EFE

Помпео, кој во авионот за Лондон не разговарал со новинарите, го пречекал американскиот амбасадор Вуди Џонсон.

„Во Лондон државниот секретар Помпео ќе се сретне со премиерот Борис Џонсон и шефот на дипломатијата Доминик Раб за да разговараат за глобалните приоритети, вклучувајќи ги плановите за заздравување од ковид-19, прашањата поврзани со Народна Република Кина и Хонг Конг и американско-британскиот договор за слободна трговија“, соопшти Стект департментот пред неговата посета.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе