Помпео остро со Турција: „Купивте оружен систем од Русија“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја искористи последната овонеделна средба на НАТО остро да ја критикува Турција.

EPA-EFE

Помпео истакна дека тоа што Анкара купи руски оружен систем претставува „подарок“ за Москва.

Ова го потврдиле дури пет неименувани дипломати и функционери, наведувајќи дека Помпео на видео-конференцијата на министрите за надворешни работи на членките на воениот пакт во вторникот, која не била отворена за јавност, кажал дека Турција ја поткопува безбедноста на НАТО и создава нестабилност во источното Средоземје во спорот со Грција и Кипар околу наоѓалиштата на нафта и гас.

Помпео, кој ја напушта функцијата државен секретар во јануари 2021, му кажал на шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу дека Турција згрешила што испратила сириски платеници во Либија, како и за конфликтот околу Нагорно Карабах.

Тоа предизвикало и остри критики на сојузниците на сметка на Турција за време на состанокот, пред сè на Франција, Грција и Луксембург, но и контра обвинувања на Чавушоглу, наведуваат дипломатите.

Тонот во кој минал состанокот е опишан како „умерен“, но со многу повеќе судири отколку што е вообичаено во НАТО, наведува Ројтерс.

Неименуван американски функционер кажа дека тоа била „искрена дискусија зад затворени врати“, но одбил да зборува за деталите.

„САД ја повикаа Турција во повеќе наврати да го реши проблемот со С-400 (рускиот противвоздушен систем), да прекине да ги користи сириските милитанти во странски конфликти и да ги сопре провокативните акции во источното Средоземје“, навел функционерот.

Чавушоглу денес изјави дека не може да го коментира состанокот кој бил доверлив.

„Моравме да го купиме (оружениот систем) од Русија бидејќи не можевме од нашите сојузници“, порача Чавушоглу додавајќи дека на состанокот укажал на разликите меѓу двете земји и отворените прашања.

Неименуван извор од Турција, запознаен со состанокот, кажал дека Помпео изнел „неправедни обвинувања“ но дека не постоел „обединет фронт“ против Турција.

Изворот навел дека Турција е отворена за преговори со Грција во источното Средоземје, без предуслови.

Лидерите на Европската Унија на 10 декември ќе разгледуваат воведување санкции против Турција поради спорот околу енергенсите во Средоземното Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе