Помпео: Наводите дека Кина присилно ги стерилизира муслиманите се шокантни и вознемирувачки

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во понеделникот ги оцени за „шокантни" и „вознемирувачки" наводите од истражувањето според кое кинеската владејачка Комунистичка партија користи присилна стерилизација и абортуси против муслиманските малцинства, пренесе Ројтерс.

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Тој се повика на извештајот за состојбата во кинескиот регион Ксинџијанг, од германскиот истражувач Адријан Зенц, објавен од страна на американскиот истражувачки центар Фондацијата Џејмстаун со седиште во Вашингтон.

Помпео, упорен критичар на Кина, вклучувајќи го и нејзиното постапување кон муслиманите во Ксинџијанг, во изјава рече дека наодите се во согласност со децениската практика на кинеската Комунистичка партија, „која покажува крајно непочитување кон светоста на човечкиот живот и основното човечко достоинство“.

„Ја повикуваме Комунистичката партија на Кина веднаш да прекине со овие грозни практики и бараме од сите нации да им се придружат на Соединетите Држави во барањето да се стави крај на таа дехуманизирачка злоупотреба“, објави Ројтерс.

Во својот извештај, Зенц рече дека неговите наоди се најсилниот доказ дека политиката на Пекинг во Ксинџијанг исполнила еден од критериумите на ООН за геноцид, а тоа е „наметнување мерки наменети за спречување на раѓања во рамки на (одредена) група“.

Зенц тврди дека анализата на кинеските владини документи покажала дека природниот прираст на населението во Ксинџијанг „драматично“ опаднал. Тој рече дека во двете најголеми префектури на Ујгурските муслимани, стапките на прираст паднале за 84 проценти меѓу 2015 и 2018 година и понатаму во 2019 година.

Кинеската амбасада во Вашингтон се повика на изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лијиан, велејќи дека „некои институции се склони кон изготвување дезинформации за теми поврзани со Ксинџијанг. Нивните обвинувања се едноставно неосновани и лажни“.

Документите од 2019 година откриваат планови за кампања на масовна стерилизација на жени насочена кон 14% и 34% од сите омажени жени во доба на раѓање во две ујгурски префектури, напиша Зенц. Кампањата, рече тој, најверојатно имала за цел да ги стерилизира жените од руралните малцинства со три или повеќе деца, како и некои со две деца - еквивалентно на најмалку 20% од сите жени на возраст во доба за раѓање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе