„Загрижени поради руската агресија“

Помпео најави нови санкции поради Северен тек 2

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео вети денес воведување нови санкции на партнерите на проектот за изградба на гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија.

EPA-EFE

„Она што го очекуваме е оние кои кои учествуваат во овој проект да бидат подложени на преиспитување за евентуални санкции“, кажа на конференција за новинарите американскиот државен секретар.

Американскиот претседател Доналд Трамп на крајот на декември го потпиша законот со кој се воведуваат санкции на компаниите поврзани со изградбата на Северен тек 2, бидејќи смета дека со тоа ќе биде зголемена зависноста на Европејците од рускиот гас и ќе зајакне влијанието на Москва.

Санкциите ги осудија и Берлин, главниот корисник на Северен тек 2, и Европската Унија поради американското „мешање“ во европските прашања.

Помпео денес најави дека тој проект сега потпаѓа под законот кој Конгресот во 2017 година го усвои речиси едногласно, за „спротивставување на американските противници преку санкции“.

„Нашиот глас денес го придружуваме на гласовите на Европејците кои се загрижени поради руската агресија“, кажа дипломатот Крис Робинсон, задолжен за Русија во американскиот Стејт департмент.

Проектот на гасоводот Северен тек 2 чија изградба досега чини 9,5 милијарди евра, делумно го финансира руски Газпром, а делумно европски компании вклучувајќи ги германските компании Винтершал и Унипер, англиско-холандскиот Шел, француски Анжи и австриски ОМВ.

Гасоводот, кој е речиси завршен, а минува под Балтичко Море до Германија, би требало да го дуплира количеството на директни испораки на рускиот природен гас во Западна Европа.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека гасоводот ќе биде завршен најдоцна до почетокот на 2021 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе