Изнесе „12 основни барања“

Помпео му се закани на Иран „со најтешки санкции во историјата“

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денес му се закани на Иран со „најтешки санкции во историјата", ако владата во Техеран не го промени курсот по кој се движи.

Помпео повика на нов нуклеарен договор со Иран, откако претседателот Доналд Трамп објави повлекување од договорот постигнат во 2015 година, и рече дека владата сака новиот договор да биде ратификуван од Конгресот.

Доколку Иран се согласи на нов договор, Помпео рече дека САД би биле подготвени да ги прекинат сите санкции врз земјата, да воспостават целосни дипломатски и трговски односи со Техеран и да му овозможат на Иран пристап до напредна технологија. Исто така САД според Помпео би ја поддржале модернизацијата на иранската економија и би ѝ помогнале во нејзината интеграција во глобалниот финансиски систем.

Шефот на американската дипломатија изнесе листа од 12 „основни барања“ до Иран, кои би биле дел од договорот.

Според него, Иран мора да „го запре збогатувањето“ со ураниум и никогаш да не обработува плутониум. Исто така, Техеран мора да дозволи „неограничен пристап до сите нуклеарни постројки во земјата“.

Помпео од Иран бара и „да ги ослободи сите американски граѓани“, да ја прекина поддршката на бунтовниците Хути во Јемен и либанскиот Хезболах, „да ги повлече сите сили“ од Сирија и да престане со заканите на Израел.

За договорот од 2015 година, Помпео рече дека е „губитнички“ со големи последици за Блискиот Исток, бидејќи после него Иран „интензивно напредувал“ во регионот. Како што рече државниот секретар, администрацијата на претседателот Барак Обама „се кладела“ дека Иран ќе престане со „отпадничките“ акции и ќе се придржува до глобалните норми.

Трамп го напушти договорот бидејќи не ја гарантирал безбедноста на Американците, посочил Помпео.

Државниот секретар предупреди дека САД ќе ги исполни заканите за казните за европските компании кои ќе продолжат да работат со Иран во согласност со договорот од 2015 година, и притоа ќе ги прекршат повторно воведените американски санкции.

„Знам дека нашите сојузници во Европа можат да се обидат да го зачуваат стариот договор со Техеран. Тоа е нивна одлука. Тие ги знаат нашите ставови,“ рече Помпео.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе