Помпео ја повлече изјавата за обид за државен удар во Црна Гора

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го повлече острото соопштение против руската вмешаност во наводниот обид за државен удар во Црна Гора во 2016 година не сакајќи да ги јакне тензиите меѓу двете земји пред утрешната посета на Русија.

Околу осудувачката пресуда во четвртокот за учесниците на обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 се огласи Стејт департментот осудувајќи го учеството на руски разузнавачки агенти во заговорот.

„Судската пресуда во Црна Гора, со која двајца руски офицери припадници на ГРУ се осудени за обид за тероризам, јасна е победата на владеењето на правото над разоткриениот руски обид да се поткопа суверенитетот на независната држава“, се наведува во соопштението на портпаролката Морган Ортагус.

Меѓутоа, според американскиот магазин Форин полиси кое го пренесуваат црногорските медиуми, државниот секретар Помпео ја повлекол изјавата. Форин полиси, повикувајќи се на тврдења на „поранешен американски дипломат запознаен со случајот“, пишува дека Помпео тоа го направил за да ја „омекне“ воинствената реторика со Москва пред посетата на Русија.

Американскиот магазин пишува дека набрзо по објавувањето изјавата била повлечена и отстранета од интернет страницата на Стејт департментот.

Вишиот суд во Подгорица во четвртокот ги осуди за виновни 14-те обвинети за обидот за државен удар во Црна Гора на денот на парламентарните избори во октомври 2016 и ги осуди на вкупно 68 години затвор. Руските државјани, агенти на руската воена разузнавачка служба ГРУ Едуард Шишмаков и Владимир Потпов, кои се во бегство и Москва одбива да ѝ ги предаде на Подгорица, се осудени на 15 односно 12 години затвор.

Амбасадата на САД во Подгорица ја поздрави осудувачката одлука на црногорскиот суд сметајќи дека тоа е „важен чекор напред во владеењето на правото и јасна порака дека обидите за поткопување на демократијата се неприфатливи“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе