Помпео ја посети Јапонија, бара поддршка од сојузниците во спротивставувањето на Кина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го посети Токио каде се состана со лидерите на Јапонија, Австралија и Индија, во обид да обезбеди поддршка во спротивставувањето, како што оценува Вашингтон, на опасното и сè поголемо регионално влијание на Кина.

Фото: ЕПА

Азиската турнеја, која требало да опфати посети и на Монголија и Јужна Кореја, е скратена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е позитивен на коронавирус. Ова е прва посета на Помпео на источна Азија од јули 2019 година и во време на најниско ниво на односите меѓу САД и Кина во последните неколку децении.

Еднодневната посета опфатила и состанок со министрите за надворешни работи на таканаречената група Куад, која се состои од САД, Австралија, Индија и Јапонија.

„Како партнери во Куад, сега е покритично од кога било да соработуваме за да ги заштитиме нашите луѓе и партнери од експлоатацијата, корупцијата и принудата на Кинеската комунистичка партија“, рече Помпео, пренесе Ројтерс.

„Тоа го гледаме во Јужното и Источното Кинеско Море, Меконг, Хималаите, Тајванскиот теснец“.

Вашингтон сака да ја обезбеди поддршката на азиските сојузници во спротивставувањето на Пекинг, но аналитичарите сметаат дека соседите на Кина сакаат да избегнат директно спротивставување со најнаселената земја во светот околу меѓусебните економски односи.

Стејт департментот по средбата на Помпео со австралиската колешка Мариз Пејн соопшти дека разговарале за загриженоста за „злонамерните активности“ на Кина во регионот.

Но, во соопштението на австралиската министерка воопшто не се споменува Кина.

„Стануваше збор за човековите права на поединците, пазарните економии, за борбата против дезинформациите или изградбата на отпорност на синџирите за набавка, нашите заеднички вредности и интереси значат дека делиме визија за слободна, отворена и просперитетна област на Индо-Пацификот“, напиша Пејн на социјалните мрежи.

Помпео за време на состанокот со јапонскиот министер за надворешни работи изјави дека новиот премиер Јошихиде Суга ќе ги зајакне односите меѓу Вашингтон и Токио. Кина на Куад гледа како на обид да се запре нејзиниот раст.

Состанокот на Куад, скратено за Четирилатерален безбедносен дијалог, веројатно нема да заврши со план за акција, иако самиот форум ќе послужи како предупредување за Кина и ќе ги зголеми нејзините стравувања дека групата еден ден може да има формална структура како што е НАТО сојузот, велат експертите.

САД и Кина, двете најголеми економии во светот, се спротивставуваат на низа прашања, од кинеското управување со пандемијата на коронавирусот до наметнувањето на нов закон за безбедност во Хонг Конг и амбициите на Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Повеќето азиски сојузници се задоволни од цврстиот став на Вашингтон кон Кина, но не ја прифатија толку ентузијастички наметнатата реторика на Трамп и Помпео кон таа земја за премногу да не ја антагонизираат.

Дел од проблемот за сојузниците на Америка во Азија е нивната трговска зависност од Кина. Минатата година Австралија најмногу извезувала во таа земја, Јапонија е втора, а Индија трета извозна дестинација, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд.

САД соопштија дека високо го ценат Куад како платформа за зајакнување на солидарноста со регионалните сојузници во спротивставувањето на Кина.

„Се надеваме дека ќе има важни најави, важни достигнувања“, рече Помпео воочи летот за Токио, без да најави што точно може да биде тоа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе