Шефот на американската дипломатија

Помпео, имитирајќи го Реган, му порача на Мадуро да ја пушти хуманитарната помош (ВИДЕО)

Американскиот државен секретар Мајк Помпео имитираше говор на поранешниот претседател на САД Роналд Реган, одржан при уривањето на Берлинскиот ѕид, и му се обрати на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Помпео му порача на претседателот на Венецуела да ја повлече воената блокада и да дозволи да влезат камионите со хуманитарна помош преку границите со Колумбија, Бразил и холандските Кариби.

„Господине Мадуро, отвори ги овие мостови, овие граници. Можеш тоа да го завршиш денес. Се надевам дека ќе ви значи кога ќе го видите хоророт, кога ќе ја видите трагедијата, да го промените начинот и да ја напуштите својата земја“, кажа Помпео на средбата со венецуелските бегалци во Колумбија, пренесува Асошиејтед прес.

Тој посети центар за емигранти во Кукута заедно со колумбискиот претседател Иван Дуке, а како што се наведува, во тоа време венецуелските безбедносни сили во опрема за справување со немири стоеле на средината на мостот кој ги спојува Венецуела и Колумбија.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе