Помпео им порача на Италијанците да не ги продлабочуваат односите со Кина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео при посетата на Италија во средата изјави дека е загрижен поради кинеските планови за проширување на економското влијание во таа земја, а Рим вети дека ќе биде буден кога ќе развива 5Г технологија.

Фото: ЕПА

Соединетите Држави повеќе пати ја повикуваа Италија, седиштето на неколку големи американски воени бази, да не ги продлабочува односите со Кина. Помпео рече дека го повторил повикот на состаноците со Луиџи Ди Мајо, шефот на италијанската дипломатија.

„Министерот за надворешни работи и јас долго време разговаравме за загриженоста на САД во врска со настојувањата на Комунистичката партија на Кина да го зголеми своето економско присуство во Италија заради сопствените стратешки интереси”, рече Помпео на заедничката прес-конференција.

„САД исто така ја повикаа италијанската влада внимателно да ги разгледа ризиците кои по националната безбедност и приватноста на граѓаните ја претставуваат технолошките компании поврзани со Комунистичката партија на Кина“, додаде Помпео.

Ди Мајо рече дека Италија е целосно посветена на своите западни партнери и дека ја разбира американската позиција.

„Кога станува збор за 5Г, му реков на државниот секретар Мајк Помпео дека сме многу свесни за загриженоста на нашиот американски сојузник и дека целосно ја разбираме одговорноста со која се соочува секоја земја кога станува збор за безбедноста“, рече италијанскиот министер.

Италија минатата година го вознемири Вашингтон кога се приклучи на кинескиот меѓународен инфраструктурен проект, иницијативата „Појас и пат“. Но, досега имала мал профит од таа иницијатива.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе